Систематски прегледи
 

Согласно Законот за здравје и безбедност при работа (Сл. Весник 92/07 на Р.Македонија) Ординацијата ги исполнува условите со простор , кадар и опрема за вршење на систематски (периодичен) преглед на работниците.
Уредно се води картотека за секој прегледан работник со сите резултати во него и се прати динамиката на здравјето на работникот.

ОПШТА ПОНУДА ДО РАБОТОДАВЕЦ

ПОНУДА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ПЕРИОДИЧНИ (СИСТЕМАТСКИ) ПРЕГЛЕДИ
од ПЗУ-Поликлиника од примарна здравствена заштита “Д-р ЧИРКОВ” Овластена ординација по медицина на труд Кавадарци


Согласно Правилникот за видот, начинот и обемот на здравствени прегледи на вработените (“Сл.весник на РМ” бр.171/2010) и Законот за здравје и безбедност при работа (“Сл.весник на РМ” бр.92/07)

ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕГЛЕД - СТАНДАРДЕН МИНИМУМ:

1. СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД од специјалист по медицина на труд; кој опфаќа
А). Анамнестички податоци (работна ,фамилијарна,лична анамнеза,сегашна болест, социјалноепидемиолошки податоци и главни тегоби)
Б). Статус по системи мерење на крвен притисок, аускултација на срце и бели дробови, палпација (по потреба)
В). Испитување на функцијата на видот: острина на видот за близина и далечина

2. ЛАБОРАТОРИСКИ СТАНДАРД (Се, ККС, гликемија, уринарен статус + холестерол и триглицериди)

3. ЕКГ со кардиоваскуларна проценка;

4. СПИРОМЕТРИЈА со белодробна проценка;

5. АУДИУОМЕТРИЈА

6. АНТРОПОМЕТРИЈА(телесна маса, телесна височина и БМИ = боди - масс индекс, идеална телесна тежина)

7. ПОЕДИНЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ за извршен ситематски (периодичен) преглед во 2 примероци
Согласно горецитираниот Правилник, секој ПОЕДИНЕЧЕН извештај од резултатите ке содржи 2 примероци:
Првиот примерок со
  • Патолошки состојби и дијагнози
  • и со предлог медицински мерки и препораки.
  • Ке биде достапен само за вработениот
Вториот примерок со
  • Препораки за работодавачот и податоци за постоње на професионални болести и болести во врска со работата
  • Оценка на работната способност(наод и мислење)
ќе биде достапен за работодавачот согласно Правилникот

Се вршат сите други прегледи согласно правилникот за работници кои работат во посебни услови на работа. Тие се прават во соработка со специјалисти од приватни и јавни здравствени установи.

  Контакт информации
 
Овластена ординација по медицина на труд:
Браќа Миладинови бр 11
Ординација по општа медицина:
Браќа Миладинови бр 11/1-1 (бараката на пензионерите или стара општа амбуланта)
E-mail:
  info@cirkov.mk
Tелефон/Факс
  389 43 415 540
 
1430 Кавадарци, Македонија

Наши соработници:

Copyright © 2009 ПЗУ Д-р Чирков Developed by Digital Solutions